Ali Cura
14 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
КИЕВ (АА) - Заменик шефот на Кабинетот на украинското Претседателство, Михаил Подољак, соопшти дека денес ќе се одржат преговори во чии рамки ќе се разгледаат прелиминарните резултати од преговорите меѓу Русија и Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Подољак ова го истакна преку објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека преговорите продолжуваат онлајн и без прекин.
Тој нагласи дека работните групи постојано работат и дека се придава внимание на различни теми.
„На 14 март ќе се одржат преговори со цел да се разговара за прелиминарните резултати од преговорите“, напиша Подољак.
Инаку, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, претходно соопшти дека за денес е планирано да се одржи следната рунда на преговорите кои се одржуваат за постигнување примирје меѓу Русија и Украина.