Ekipa
01 Март 2023•Ажурирај: 02 Март 2023
КИЕВ (АА) - Советникот во претседателскиот Кабинет на Украина, Михаил Подољак, истакна дека Украина не ги напаѓа териториите на Русија и дека води одбранбена војна, пренесува Анадолу.
Подољак на својот Твитер профил објави соопштение во врска со нападите со дрон во Русија.
„Украина не ги напаѓа териториите на Русија. Украина води одбранбена војна со цел да ги ослободи сите свои територии од окупација. Ова е аксиома“, рече Подољак, додавајќи дека паниката во Русија расте.
Инаку, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина со дронови извршила обид за напад врз цивилната инфраструктура во Краснодар и во Република Адигеја. На истиот ден во Москва и во Белгород се срушија дронови.