Ruslan Rehimov
24 Март 2022•Ажурирај: 25 Март 2022
КИЕВ (АА) – Украина тврди дека руската војска досега загубила 15.800 војници, 108 авиони, 124 хеликоптери и 530 тенка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на Украинската армија објави соопштение за загубите на руската војска во периодот од 24 февруари до 24 март.
Во соопштението се наведува дека во овие рамки загинале 15.800 руски војници, а уништени се 108 авиони, 124 хеликоптери, 530 тенка, 1.597 оклопни возила, 280 топа, 82 системи за лансирање ракети и 47 системи за противвоздушна одбрана на Русија.
Покрај тоа, руските сили загубија и 1.033 возила, 4 лесни глисери, 72 возила за гориво и 50 беспилотни летала.