Jeyhun Aliyev
27 Март 2022•Ажурирај: 28 Март 2022
КИЕВ (АА) - Министерството за одбрана на Украина соопшти дека украинските сили со успешни операции во одредени подрачја ги потиснале руските трупи на повеќе од 70 километри од Киев, известува Агенција Анадолија (АА).
„Во некои подрачја не гледаме повлекување и единиците на Вооружените сили на Русија и понатаму се на 35 километри од Киев“, рече портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Олександар Мотузјањк.
Истакна дека во одбраната на Украина учествуваат Украинци од целиот свет, а не само оние што живеат во земјата.
„Во моментов гледаме дека голем број украински државјани се враќаат во Украина за да се приклучат во редовите на бранителите“, рече Мотузјањк.
Тој додаде дека Украина успешно ја спровела мобилизацијата и во моментов во тек е втората фаза на мобилизација во таа земја.
„Доведовме дополнителни резерви од над 100.000 луѓе. Моментално целата земја е вклучена во борбата против агресорот“, тврди Мотузјањк.