Ruslan Rehimov
04 Март 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
КИЕВ (АА) ‒ Одборот за надзор на нуклеарните регулативи на Украина соопшти дека нуклеарната централа „Запорожје“, најголемата електрана во Европа, е под контрола на Руската армија.
Во соопштението на Одборот се истакнува дека енергетските блокови во електраната ја задржале својата целина и не е забележана промена во состојбата со радијацијата.
Исто така, се нагласува дека иако локацијата на централата поминала под контрола на Руската армија, персоналот на централата продолжува со својата работа.
‒ Пожарот во реонот на електраната е изгаснат ‒
Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека пожарот што избувна како резултат на судирите на локацијата на електраната е изгаснат.
Исто така, во соопштението се наведува дека според првите констатации, нема загинати и повредени.
‒ Најголемата европска нуклеарна централа ‒
Нуклеарната централа „Запорожје“ е позната како најголемата нуклеарна централа во Европа и една од 10-те најголеми нуклеарни централи во светот.
Во првите денови на руско-украинската војна, руските сили на северот на земјата ја презедоа контролата врз нуклеарната централа „Чернобил“.
Украина, која има 15 активни нуклеарни реактори во четири капацитети во земјата, околу половина од својата електрична енергија ја обезбедува од овие електрани.