Ruslan Rehimov
16 Мај 2022•Ажурирај: 17 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Околу 27.700 руски војници досега се убиени во војната што Русија ја води во Украина, соопшти денес украинската војска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Украинскиот Генералштаб информираше дека украинските сили од 24 февруари досега уништиле 200 руски авиони, 165 хеликоптери, 427 беспилотни летала, 1.228 тенкови, 2.974 оклопни возила и 577 топови.
Во соопштението се додава дека се уништени вкупно 195 руски системи на повеќецевни ракетни фрлачи, 2.101 возило, 97 крстосувачки ракети, 89 противвоздушни системи и 13 чамци.
Најмалку 3.573 луѓе се убиени, а 3.816 се повредени откако Русија ја започна војната против Украина на 24 февруари, проценуваат Обединетите нации (ОН), но се стравува дека вистинската бројка на загинати е многу поголема.
Агенцијата за бегалци на ОН информира дека над 6,1 милион луѓе побегнале во други земји, а околу 7,7 милиони се внатрешно раселени.