свет

Украина ја презеде одговорноста за нападите врз магацините за нафта во руските региони Киров и Ростов

- Генералштабот на Украина соопшти дека нивните сили го нападнале складиштето за нафта „Атлас“ во Ростовската Област, по што избувнал пожар на во делот кај вертикалните цистерни во објектот.

Burç Eruygur  | 29.08.2024 - Обновена : 31.08.2024
Украина ја презеде одговорноста за нападите врз магацините за нафта во руските региони Киров и Ростов

ИСТАНБУЛ (АА) - Украина денес ја презеде одговорноста за двата напада со беспилотни летала извршени врз складишта за нафта во руските региони Киров и Ростов, јавува Анадолу.

Во соопштението на Генералштабот на Украина се вели дека нивните сили го нападнале складиштето за нафта „Атлас“ во Ростовската Област, по што избувнал пожар на во делот кај вертикалните цистерни во објектот.

Во соопштението се вели дека украинската страна е свесна за вклученоста на пожарникарите за гаснење на пожарот во складиштето за нафта.

Понатаму се вели дека нападот го извршиле војници на одбранбеното разузнавање на Украина и силите за специјални операции.

Се наведува и дека е извршен напад на магацинот за нафта „Зенит“ во регионот Киров, додавајќи дека во моментов се утврдуваат детални информации за нанесената штета.

Во соопштението се вели дека за време на нападот било погодено и теренско артилериско складиште на руската војска во регионот Воронеж.

Се додава дека украинските одбранбени сили продолжуваат да ги преземаат сите мерки за да го нарушат рускиот воен и економски потенцијал, како и да го запрат тековниот конфликт меѓу двете земји.

Магацинот за нафта „Атлас“ се наоѓа во пограничниот округ Каменски на Ростов, во непосредна близина на источниот украински регион Луганск.

Градот Котелнич, каде што е магацинот за нафта „Зенит“, се наоѓа на околу 700 километри (435 милји) источно од руската престолнина Москва и на околу 1.100 километри (683 милји) од украинската граница.

Во средата локалните власти во Ростов и во Киров објавија дека нема жртви по пожарите во складиштата за нафта што настанаа по нападите на украинските беспилотни летала.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın