Handan Kazancı
18 Јули 2022•Ажурирај: 18 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски го разреши шефот на службата за државна безбедност и јавната обвинителка на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Денеска донесов одлука да ја сменам од функцијата јавната обвинителка [Ирина Венедиктова] и да го разрешам шефот на Службата за безбедност на Украина [Иван Баканов]“, се вели во соопштението на Зеленски.
Тој истакна дека „ќе бидат оценети конкретните дејствија и секое непостапување на секој службеник во безбедносниот сектор и во секторот за спроведување на законот“.
„До денес, регистрирани се 651 кривична постапка за предавство и соработнички активности на вработени во обвинителствата, телата за предистражна постапка и други органи за спроведување на законот“, додаде претседателот.
Во меѓувреме, Зеленски го назначи Олексиј Симоненко за вршител на должноста јавен обвинител со декрет, јави украинската национална новинска агенција „Укринформ“.