свет

Унгарскиот премиер Орбан во посета на Киев

Ова е прва посета на Орбан на Киев од почетокот на вооружениот конфликт во Украина, по краткиот разговор меѓу двајцата лидери на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел, на кој присуствуваа и двајцата

Elena Teslova  | 02.07.2024 - Обновена : 03.07.2024
Унгарскиот премиер Орбан во посета на Киев

МОСКВА (АА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес пристигна во Киев на разговори со украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави неговиот прес-секретар Берталан Хаваши, јавува Анадолу.

„Главна тема на состанокот е можноста за постигнување мир“, изјави Хаваши на прес-конференција во главниот град на Унгарија, Будимпешта, додавајќи дека Орбан и Зеленски ќе разговараат и за актуелните прашања од унгарско-украинските билатерални односи.

Ова е прва посета на Орбан на Киев од почетокот на вооружениот конфликт во Украина, по краткиот разговор меѓу двајцата лидери на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел, на кој присуствуваа и двајцата.

Зеленски неколкупати го покани унгарскиот премиер да го посети Киев, а Будимпешта ја услови посетата со ситуацијата со унгарското национално малцинство во Украина.

Во текот на изминатите две и пол години Зеленски и Орбан накратко се сретнаа неколкупати за време на меѓународни настани, но немаше целосен состанок меѓу нив.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.