Sayed Khodaiberdi Sadat
01 Јануари 2022•Ажурирај: 03 Јануари 2022
Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека од 2005 година досега, Авганистан е земја каде што се забележани најмногу смртни случаи кај деца во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на УНИЦЕФ се наведува дека во последните 16 години во Авганистан загинале и се повредени 28.500 деца поради насилните настани во земјата.
Се истакнува дека оваа бројка сочинува 27 отсто од смртните случаи кај децата во светот, со што од 2005 година досега Авганистан е земја каде што се забележани најмногу смртни случаи кај децата во светот.
Според соопштението, треба да се вложи секаков вид напор со цел штитење на децата од насилството во светот, особено на децата во Авганистан.
Во ова соопштение се нагласува дека во војната и насилните настани што се случија во првата половина од 2021 година загинале над 460 деца, додека стотици деца биле повредени.
Се вели дека постои загриженост поради можноста за продолжување на смртните случаи кај децата како резултат на вооружените судири и експлодирање на муницијата што останала од војната во земјата.
Жените и децата се меѓу најпогодените во судирите што траат околу 40 години во Авганистан.
Од друга страна, во соопштението објавено на 20 ноември минатата година од страна на УНИЦЕФ беше наведено дека 14 милиони авганистански деца во земјата се соочуваат со глад, од кои 1 милион се соочуваат со опасност од смрт.