Aykut Karadağ
23 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
КАБУЛ
Уште 229 турски државјани денес заминаа од авганистанската престолнина Кабул со два транспортни авиони „А400М“ на Турските воздухопловни сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
На Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во тек се напори за евакуација на турските државјани од земјата зафатена со војна.
Илјадници луѓе се обидуваат да го напуштат Авганистан откако талибанците ја презедоа земјата на 15 август.