Talha Yavuz
02 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
КИЕВ
Украински војник загина во огнот отворен од страна на проруските сепаратисти во регионот Донбас, источна Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на украинските вооружени сили се истакнува дека сепаратистите вчера 11 пати, а денес еднаш го прекршиле примирјето.
Исто така, се наведува дека сепаратистите отвориле оган во регионите Павлопил, Свитлодарск, Авдијивка и Водјаник во Донбас, а во нападите загинал еден украински војник.
- Кризата во Донбас
Во Киев, главниот град на Украина, на 21 ноември 2013 година започнаа демонстрации откако претседателот Виктор Јанукович не го потпиша Договорот за асоцијација со Европската Унија (ЕУ).
Претседателот Јанукович ја напушти земјата во февруари 2014 година, откако демонстрациите се интензивираа. Потоа проруските сепаратисти ја прогласија својата таканаречена независност во градовите Доњецк и Луганск во источниот дел на земјата.
Во судирите меѓу сепаратистите и Владата во Киев од 2014 година досега, животот го загубија повеќе од 13.000 лица.