İlayda Çakırtekin
18 Јули 2025•Ажурирај: 19 Јули 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Коалицијата Флотила на слободата отплови кон Газа со својот нов брод „Хандала“ од Сиракуза, Италија, јавува Анадолу.
„Само неколку недели откако израелските сили нелегално го запленија нашиот брод 'Мадлин' и киднапираа 12 невооружени цивили во меѓународни води, ние продолжуваме - со глобална солидарност - да ја оспоруваме нелегалната и смртоносна опсада на Израел“, објави коалицијата на X.
Коалицијата истакна дека има цел да ја пробие блокадата за децата од Газа, носејќи хуманитарна помош и порака за „солидарност“.
Иако бројот на активисти сè уште не е точно познат, со процени до 18, се очекува на бродот да бидат и двајца членови на крајно левичарската партија Ла Франс Инсумис (ЛФИ).
Бродот „Мадлин“ под британско знаме испловил од Сицилија, Италија, на 6 јуни, кон Газа, обидувајќи се да ја пробие поморската блокада што Израел ја спроведува врз палестинската енклавата.
Израелските сили го зазедоа бродот „Мадлин“ на 9 јуни и приведоа 12 члена на екипажот.