Yasemin Kalyoncuoğlu
28 Септември 2023•Ажурирај: 29 Септември 2023
АНКАРА (АА) – Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди јужната турска област Кахраманмараш, јавува Анадолу.
Турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот се случил во 9:18 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Елбистан на длабочина од 14,37 километри.
Во соопштението на АФАД се наведува дека засега нема извештаи за последиците од земјотресот, а надлежните служби се на терен и ја контролираат ситуацијата.
Кахраманмараш беше во епицентарот на разорните земјотреси што ги погодија јужните делови на Туркије и северните погранични региони на Сирија на 6 февруари. Во тие земјотреси загинаа десетици илјади луѓе и оставија зад себе апокалиптични последици во многу градови.