Yusuf Özcan
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 28.714 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.
Потврдени се уште 597 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 224.070.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 14.695 лица, од кои 1.361 се наоѓаат на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 656 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 67.803.
Во последните 24 часа во болници починаа 52 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 28.714, од кои 18.387 починаа во болници, и 10.327 во домови за стари лица.