Kasım İleri
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, истакна дека Светската здравствена организација (СЗО) треба повторно да се структурира на начин да биде повеќе децентрализирана, пофлексибилна и потранспарентна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Октај на вебинарот организиран од страна на Атлантскиот совет и Фондацијата на наследство на Турција, ја раскажа успешната приказна на Турција во борбата против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Тој нагласи дека светот не постигнал добри резултати на испитот во процесот на пандемијата на Ковид-19, но според него, Турција била многу успешна во овој процес.
Потпретседателот на Турција нагласи дека глобализацијата е суспендирана во голема мерка и дека земјите се фокусирале на своите проблеми.
Според него, во процесот на пандемијата на Ковид-19, забележане е раст во позитивниот пристап меѓу Турција и САД и дека се откриени нови можности.