Alaattin Doğru
25 Септември 2020•Ажурирај: 26 Септември 2020
ПАРИЗ
Во периодот на владеењето на Емануел Макрон со Франција, државата го забележа највисокото зголемување на јавниот долг во последните 2 години, додека бруто-домашниот производ достигна 114,1%, известува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Националниот институт за статистика (INSEE), националниот долг на земјата во вториот квартал е зголемен за 12,7 поени, што е најголем раст во последните 25 години.
Во соопштението што го објави Институтот, јавниот долг на Франција во јуни во однос на месец март е зголемен за 113,4 милијарди долари и изнесува 2.638,3 милијарди евра.
Врз основа на бруто-домашниот производ кој изнесува 114,1% и споредено со јавниот долг на земјата кој споредено со март забележува раст од 12,7%, ИНСЕЕ истакна дека овие податоци претставуваат најголем раст на јавниот долг во еден квартал во земјата од 1995 година досега.
Во соопштението се наведува дека овој раст делумно е последица на економските ефекти предизвикани од пандемијата на новиот тип коронавирус.
Во исто време е објавено дека поради делумните мерки за невработеност и одложувањето или откажувањето на социјалните придонеси, забележан е сериозен раст на долговите на институциите за социјално осигурување, кои достигнале 84,9 милијарди долари.
Како една од причините за рекордното зголемување на јавниот долг на Франција, покрај пандемијата на Ковид-19 се наведуваат и неуспешните политики на администрацијата на Макрон.