Fatma Esma Arslan
26 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
ПАРИЗ (АА) - Во училиштата и рестораните во Франција ќе бидат делумно забранети пијалаците што содржат засладувачи и вештачки бои, пренесува Anadolu Agency (AA).
Денес, во „Службен весник“ на Франција е објавена одлуката според која се забранува бесплатна дистрибуција, промоција и продажба на попуст на пијалаците што содржат засладувачи и синтетичка боја во училиштата, хотелите, одморалиштата и во рестораните.
Оваа одлука стапува на сила в петок и во рамките на забраната се опфатени сите газирани и негазирани пијалаци што содржат додатоци на шеќер и додатоци на вештачки бои.
Примената на овој закон е со цел да се стави крај на дебелината и дијабетесот, а ќе важи и за организани настани на кои во неограничени количини се служат пијалаци.
Одлуката е донесена по минатогодишната препорака од страна на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, во рамките на борбата со дебелината кај младите.