Esra Taşkın
03 Декември 2022•Ажурирај: 05 Декември 2022
ПАРИЗ (АА) - Властите на Франција побараа да запре растечкото насилство над Палестинците на окупираниот Западен Брег, известува Агенција Анадолија (АА).
„Ескалацијата на насилството врз Палестинците на Западниот Брег мора да запре, а надлежните органи мора да одговараат за своите постапки“, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.
Франција ги повика сите страни да се воздржат од понатамошни провокации и еднострани акции.
Од Париз порачаа дека Франција е посветена на почитувањето на меѓународното хуманитарно право на подрачјата окупирани од страна на Израел и дека се незаконски новоизградените еврејски населби на таа територија.
Ваква порака следуваше по бројните судири што во вторникот се случија низ окупираниот Западен Брег во кои животот го загубија најмалку петмина Палестинци.