Ömer Aydın
17 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - Приведени се 18 лица по судирот до кој дојде меѓу полицијата и демонстрантите за време на протестот организиран во францускиот град Тулуз, откако едно лице на сомнителен начин почина во затвор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Радиостаницата „France Bleu“ соопшти дека во последните два дена организирани се демонстрации во повеќе места во градот.
Се истакнува дека особено во подрачјата Мираил, Белфонтен и Рејнери се случија судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Според соопштеното, демонстрантите за време на судирот фрлале со камења, а како резултат на тоа настаната е штета во голем број деловни простории, згради, како и во една полициска станица, додека околу 30 возила и контејнери за отпад се запалени.
Претходно беше соопштено дека еден 27-годишен затвореник извршил самоубиство, додека демонстрантите тврдат дека тој бил убиен од стражарите.
Зголемени се безбедносните мерки во градот.