Ekipa
01 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Конзервативниот француски претседателски кандидат Франсоа Филон одби да се повлече од изборната трка, иако доби повик да се соочи со обвиненијата дека на сопругата и на децата им дал лажна работа во парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
Филон изјави дека неговите адвокати денес ја добиле поканата. Тој ги негираше сите обвиненија и додаде дека правната процедура не е испочитувана во она што тој го нарекува „политички атентат“ и истрага без преседан во текот на предизборната кампања за двата круга на претседателските избори во април и мај оваа година.
„Нема да се повлечам“, одлучно кажа Филон пред претставниците на медиумите во неговиот изборен штаб.
Филон беше фаворит за претседателските избори во април и мај, но неговата популарност значително опадна откако беше отворена истрагата.