Esra Taşkın
03 Април 2024•Ажурирај: 04 Април 2024
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну најави дека Франција ќе го зголеми производството на артилериските системи Цезар, пренесува Анадолу.
Како што изјави Лекорну, отсега Франција ќе го зголеми производството на артилериските системи Цезар на 12 месечно.
Според француските медиуми, министерот Лекорну навел дека француската одбранбена компанија „Некстер“, лоцирана во градот Версај, моментално произведува шест артилериски системи Цезар месечно.
Цезар е француска самоодна хаубица (камион опремен со артилериски систем) со калибар 155 mm.
Хаубицата Цезар се карактеризира со напредни технички карактеристики: калибар 155 mm со должина на цевката од 52 калибри (малку повеќе од осум метри), помобилна од конвенционалната самоодна артилерија и има голема способност за брзо движење и често преместување.
Екипажот се состои од пет лица, има многу напреден систем за управување опремен со компјутер за управување со огнот, содржи радар кој е одговорен за прецизноста на нишанењето и лансирањето, и функционира со инерцијален и сателитски систем за навигација, а брзината на пукање е шест гранати во минута.
Хаубицата Цезар има способност да погоди цел оддалечена 40 километри со одлична прецизност и поседува полуавтоматски систем за полнење муниција и хидрауличен погон.