Hajer M'tırı
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Франција ќе прима по 400 бегалци месечно, како дел од системот на квоти на Европската унија кои ги усвоија европските лидери во септември минатата година, изјави денеска Бернар Казенев, министерот за внатрешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Француските власти ќе ѝ понудат на Грција „преселување на 400 луѓе во нашата област”, истакна Казeнев во соопштението.
Тој посочи дека, како дел од планот за преселување во Европската унија, 97 бегалци оваа недела од Грција и Италија пристигнаа во Франција. Тој посочи дека 253 од нив доаѓаат после 9-ти јуни.
Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), од почетокот на 2016 година, над 191.000 мигранти или бегалци пристигнале во Грција и Италија.
Претседателот Франсоа Оланд во март истакна дека Франција ќе ги почитува своите заложби со кои за две години ќе прими 30.000 бегалци од „првата линија” на Европската унија.