Aida Cako
24 Септември 2025•Ажурирај: 24 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Највисоката песочна дина во Европа, Дyн дy Пила во Франција, продолжува да привлекува голем број посетители благодарение на впечатливата природна убавина и панорамските погледи, јавува Анадолу.
Дината, која се наоѓа на брегот на заливот Аркашон, околу 60 километри од Бордо, доминира над крајбрежниот пејзаж.
Според процените, таа содржи околу 60 милиони кубни метри песок, се протега на должина од 2,7 километри и ширина од приближно 500 метри, а нејзината височина ја прави уникатен природен феномен во Европа.
Големината, природното опкружување и величествените погледи ја вбројуваат меѓу најпосетуваните природни атракции во Франција.