Alaattin Doğru
12 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
ПАРИЗ
Француската полиција во операција го фати францускиот терорист кој се борел во редовите на терористичката организација ПКК/ЈПГ и бил во подготовка да изврши акт во Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинарот Доминик Ризе, во изјавата за БФМТВ (BFMTV), заснована на полициски извори, истакна дека во Париз и Тулуз се откриени материјали што се употребуваат во изработка на бомби, и дека се приведени 9 лица во врска со тоа.
Ризе нагласи дека приведените лица за време на испрашувањето признале дека работеле на многу насилен акционен план и дека сакале да извршат атентат врз полицијата.
Според Ризе, меѓу фатените лица се наоѓа и францускиот терорист Флорен Д., кој се борел во редовите на терористичката организација ПКК/ЈПГ.
Тој рече дека овој француски терорист 10 години војувал за ПКК/ЈПГ, а потоа во 2018 година се вратил во својата земја, и дека ова лице било во подготовка за извршување акт и во Франција.
Ризе информира дека Флорен Д. и друго приведено лице поседувале воени информации, биле експерти за изработка на бомби и дека имале капацитет воено да ги обучат другите. Според него, во камионетот на овие лица биле пронајдени материјали што се употребуваат во изработка на бомбашки елек.