свет

Француски остров евакуиран поради опасност од терористички напад

Градоначалникот на Мон Сен Мишел, Јан Галтон, изјави дека лицето кое се качило на чамецот викало дека ќе ги убие полицајците, а потоа е донесена одлука за потрага по осомничениот и евакуација на островот

Ömer Aydın  | 22.04.2018 - Обновена : 23.04.2018
Француски остров евакуиран поради опасност од терористички напад

Paris

ПАРИЗ (АА) - Француската полиција поради сомнение за терористичка закана, денес во целост ја евакуираше популарната туристичка дестинација, островот Мон Сен Мишел, јавува Anadolu Agency (AA).

Островот сместен во северниот дел на земјата, годишно го посетуваат околу три милиони лица, а во потрагата учествуваше и хеликоптер.

Гувернерот на департманот Манш, Жан-Марк Сабат, изјави дека е откриено сомнително лице кое во утринските часови се качило на чамец кој превезува туристи. Припадниците на безбедносните сили покренаа акција за да го пронајдат лицето.

Градоначалникот на Мон Сен Мишел, Јан Галтон, изјави дека лицето кое се качило на чамецот викало дека ќе ги убие полицајците, а потоа е донесена одлука за потрага по осомничениот и евакуација на островот.

Локалните медиуми пишуваат дека се откажани сите линии кон островот и од островот, а претресени се и сите објекти.

Мон Сен Мишел од 1979 година се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско наследство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın