İbrahim Hakkı Çetinkaya
27 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
ХОНГКОНГ
16 бротчиња се неупотребливи откако избувна пожар во засолниште од тајфун во Хонгконг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста што ја објави јавниот радиодифузен сервис на Хонгконг (РТХК) се наведува дека едно лице кое било погодено од чадот што избувна во пожарот во засолниште од тајфун во Јужен Абердин е однесено во болница, а од запалените бродови противпожарните екипи извлекоа 35 лица.
Во веста се вели дека потонале 10 од опожарените 16 бротчиња.
Покрај тоа, пожарот, чија причина сè уште не е позната, избувнал во 2:30 часот по локално време. Во гаснењето на пожарот кое траело 6 часа, учествувале 11 противпожарни брода и 8 противпожарни авиони.
Засолништата од тајфун се користат во Хонгконг за укотвување на рибарските бродови за време на силните тајфуни и урагани.