Diyar Güldoğan
20 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународниот комитет на Црвениот крст испратил 45 камиони хуманитарна помош за населението во западната сириска провинција Хомс.
„Носиме храна и резерви за 84.000 лица“, за Anadolu Agency (AA) соопшти Криста Армстронг, портпаролка на добротворната организација, истакнувајќи дека камионите се испратени до градот Тел Биси, во северниот дел на Хомс. Исто така е испорачана опрема за поправка на систем за водоснабдување и цементирање“.
„Оваа хуманитарна организација со седиште во Женева, во наредните денови ќе испрати помош во Сирија“, додаде Армстронг, но не ја прецизираше локацијата каде што ќе биде испорачана. Во меѓувреме, Обединетите нации (ОН) го прекинаа испраќањето конвои хуманитарна помош за Сирија.
Портпаролот на канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош, Јенс Лерке, на прес-конференцијата во Женева најави дека стопирањето на конвојот се должи на синоќешниот напад врз хуманитарниот конвој, кој го изведоа хеликоптерите на сириската армија во Алепо.