Betül Yürük
18 Ноември 2018•Ажурирај: 19 Ноември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека на 20 ноември во Вашингтон ќе разговара со американскиот државен секретар Мајк Помпео за сите аспекти на односите со Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање во Њујорк турскиот министер се осврна и на прашањето за терористичката организација ФЕТО.
„ФБИ во последно време започна истрага за прекршоците на ФЕТО во САД. Станува збор за опсежна истрага“, изјави Чавушоглу.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно на прашањето во врска со последните наводи за можно испорачување на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен во Турција, одговори:
„Тоа не е нешто што го разгледуваме во моментов. Гледаме што ќе направиме за Турција, тоа секогаш го правиме. Искрено, тоа секогаш го правиме за сите земји со кои имаме добри односи“, рече Трамп, и додаде:
„Со Турција направивме еден значаен исчекор. Како што знаете, во изминатите недели го ослободија свештеникот Брансон. Со Ердоган имаме многу добри односи. Тој е мој пријател. Силен, остар и интелигентен човек.“