Elena Teslova
17 Февруари 2023•Ажурирај: 21 Февруари 2023
МОСКВА (АА) - Челникот на групата „Вагнер“, руската приватна воена корпорација, Евгениј Пригожин, денеска ја обвини руската бирократија за бавното напредување на Руската армија во близина на украинскиот град Бахмут, јавува Анадолу.
„Не напредуваме толку брзо колку што би сакале. До 2023 година ќе се заземеше Бахмут доколку не беше монструозната бирократија и кочењето“, изјави Пригожин за новинарите во воената база на „Вагнер“ во зоната на конфликтот.
Пригожин рече дека во одреден момент неговата група нема да може да ги спроведе задачите поради структурните промени, дека е запрено регрутирањето затвореници и поради тоа што умираат луѓе во војната, и бројот на борци на групата се намалува.
„Бирократијата не дозволува да се зголеми ефикасноста на процедурите, и другите единици сѐ уште не се активни“, нагласи тој.
Според проценката на Пригожин, групата „Вагнер“ е конфронтирана со околу 40.000-50.000 украински војници во Бахмут, а самиот град, како што рече, е „добро забарикадиран“.
Шефот на „Вагнер“ не очекува дека градот ќе биде заземен во блиска иднина.
Бахмут е голем транспортен центар преку кој украинските војници во Донбас се снабдуваат со оружје, воена опрема и муниција.