İdris Okuducu
22 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
БАГДАД (АА) - Четири лица загинаа како резултат на интервенцијата на безбедносните сили врз антивладините демонстрации во ирачката престолнина Багдад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на АА, безбедносните сили интервенирале со вистински куршуми и солзавец врз демонстрантите кои се наоѓале на улицата „Решадије“ меѓу мостовите „Синек“ и „Ахрар“.
Извори од болницата соопштија дека 4 лица ги загубиле своите животи како резултат на истрелите врз демонстрантите, а од солзавец се погодени 40 лица.
Вчера, исто така Багдад, тројца демонстранти ги загубија своите животи, а 35 беа повредени во интервенцијата на безбедносните сили во истиот регион.
- Крвави демонстрации во Ирак
Ирачаните организираат протести во различни делови од земјата поради невработеноста, корупцијата и недостигот на јавни услуги. Протестите започнаа на 1 октомври. Досега загинаа над 300 лица, а повеќе од 15.000 се повредени.
За време на тековните демонстрации во градовите од централниот и јужниот дел и во главниот град Багдад, демонстрантите реагираат и на Иранците што се наоѓаат во земјата.
Демонстрантите, кои немаат доверба во владините реформски пакети, бараат оставка од премиерот Адил Абдулмехди, кој им нареди на безбедносните сили да употребат насилни средства кон демонстрантите, и оставка од Владата која ја обвинуваат за корупција.