Eşber Ayaydın
22 Ноември 2019•Ажурирај: 27 Ноември 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Сиријците кои со години живеат надвор од својата земја поради окупацијата на терористичките организации, почнаа да се враќаат во областа Рас ал Ајн, ослободена од терористичката организација ЈПГ/ПКК преку тирската операција „Извор на мирот“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Благодарение на операцијата против терористичката организација ЈПГ/ПКК, животот во Рас ал Ајн се враќа во нормала. Турција продолжува со поправките и реновирањата во секоја област за да ги задоволи потребите на жителите. Една група Сиријци за да се вратат во своите домови побарале поддршка од Гувернерството на Шанлиурфа. Откако се направени испитувањата, нивните барања биле одобрени.
По одобрените барања, околу 70 лица, вклучително и жени и деца кои досега престојувале во областите Вираншехир и Џејланпинар во Шанлиурфа, пристигнаа на граничниот премин „Војникот шехид Адем Догушкен“. По контролите на граничниот премин, граѓаните на Рас ал Ајн ги прегрнаа војниците на Турските вооружени сили и им се заблагодарија. Од другата страна, жителите на Рас ал Ајн беа пречекани од страна на припадниците на Сириската национална војска (СНВ).
- „Многу сме среќни што се враќаме во својата земја“ -
Муазин ал Мухамед за новинарите рече дека се многу среќни што Рас ал Ајн е ослободен од окупацијата на терористите.
„Седум години живеевме во Турција, среќни сме што се враќаме во својата земја. На претседателот Реџеп Таип Ердоган му се заблагодаруваме за сè. Многу сме среќни што се враќаме во својата земја. Кога го напуштив Рас ал Ајн имав 11 години, сега се враќам назад“, истакна Муазин.
Абдулазим ал Мухамед рече дека е многу среќен што по толку години се враќа заедно со својата 2,5-годишна ќерка. Тој, заблагодарувајќи ѝ се на Турција за гостопримството, рече: „Благодарам на Бога што Рас ал Ајн се спаси од тероризмот. И ние по многу години се враќаме во нашите домови.“
Истакнувајќи дека се многу среќни поради тоа што нивната територија е исчистена од терористичката организација ЈПГ/ПКК, Мухамед Ахмет Шавак рече дека му се многу благодарни на претседателот Реџеп Таип Ердоган и на турскиот народ.
„Господ нека ги благослови сите, ги задоволија сите наши потреби. Седум години сум надвор од својата земја, сега се враќам во својата татковина, многу сум среќен“, нагласи Мухамед.