свет

Чешка именуваше амбасадор во Русија по повеќе од 2 години пауза

Даниел Коставал, искусен дипломат и поранешен заменик-министер за одбрана, е назначен за нов амбасадор и се очекува да ја преземе својата должност на почетокот на 2025 година, објави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.

Ebad Ahmed  | 16.10.2024 - Обновена : 16.10.2024
Чешка именуваше амбасадор во Русија по повеќе од 2 години пауза

КОПЕНХАГЕН (АА) - Чешката Република денес назначи свој амбасадор во Русија, со што стави крај на дипломатскиот „ќор-сокак“ што траеше повеќе од две години, јавува Анадолу.

Даниел Коставал, искусен дипломат и поранешен заменик-министер за одбрана, е назначен за нов амбасадор и се очекува да ја преземе својата должност на почетокот на 2025 година, објави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.

„Му посакувам на амбасадорот многу сила во оваа предизвикувачка мисија за унапредување на чешките интереси“, рече Липавски, истакнувајќи дека клучните стратешки сојузници на земјата, Велика Британија, Франција, Германија, Полска и САД, имаат амбасадори во Русија.

Дипломатските односи меѓу Москва и Прага се влошија во 2021 година кога Чешка ја обвини Русија дека е одговорна за серијата експлозии во чешките складишта за муниција во Врбетица во 2014 година.

Како одговор, двете земји го намалија бројот на дипломатскиот персонал стациониран во нивните соодветни амбасади.

Тензиите меѓу Чешка и Русија се интензивираа во последниве години, пред сѐ поради скандалот со шпионажа и вооружениот конфликт на Русија со Украина, што започна во февруари 2022 година.

Претходно, претседателот на Чешката Република, Петр Павел, изјави дека е во интерес на неговата земја да има дипломатско претставништво во Москва на ниво на амбасадор во екот на руската инвазија на Украина.

Претходниот чешки амбасадор во Русија, Витеслав Пивонка, кој ја извршуваше функцијата од Прага од 2022 година, беше отповикан во мај.

Одлуката за испраќање на амбасадорот во Москва е донесена по еден ден откако претседателот Павел предупреди дека руската „агресија во Украина го влошила глобалното кршење на човековите права“.

„Руската агресија против Украина поттикна зголемено кршење на човековите права во други земји и ги инспирираше оние кои не ги почитуваат меѓународните норми“, рече Павел на годишната конференција “Форум 2000“ во Прага, пренесува „Радио Прага интернешнал“.

Тој ги наведе земјите како Северна Кореја, Иран, Нигер и Венецуела како примери на држави кои дипломатски се усогласиле со Москва и покрај нејзините акции во Украина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın