Bilgin S. Şaşmaz
02 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
ЧИКАГО (AA) - Започна традиционалната прослава „Светло на зоолошка градина" во американскиот Чикаго, јавува Anadolu Agency (AA).
Организација на претставата во зоолошка градина Линколн Парк трае веќе 23 години. Паркот е осветлен со околу 2,5 милиони сијалици во различни облици и бои.
Илјадници посетители веќе во првите денови го посетија паркот и уживаа во предбожиќната и предновогодишната атмосфера. Имаа можност да видат лавиринт на светло, лунапарк, статуи од лед како и програма на Дедо Мраз.
Најпопуларниот зимски настан во Чикаго трае до 7. јануари.