Bilgin S. Şaşmaz
21 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
ЧИКАГО (АА) - Во Чикаго, САД, се наоѓа еден од највисоките облакодери во светот, кулата Вилис. На 103. кат од зградата е изграден стаклен балкон, кој секоја година го посетуваат 1,7 милиони посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
На 103. кат од зградата се наоѓа стаклениот балкон „Скајдек ледџ“, кој е едно од најпопуларните туристички места во Чикаго.Стаклениот балкон е поставен на висина од 442 метра, и на посетителите им овозможува едно незаборавно доживување. Возбудените посетители стапнувајќи на стаклениот балкон, шетаат над облакодерите.
Цената на билетот за стаклениот балкон изнесува 22 долара. ВИП пакетот при посетата на „Скајдек ледџ“ ќе ве чини 65 долари.
Годишно, 1,7 милиони луѓе го посетуваат стаклениот балкон на кулата Вилис и сите оние што сакаат да прошетаат по стаклениот балкон, за неколкуминутното задоволство, мораат да чекаат во долга редица.
Стаклениот балкон „Скајдек ледџ“ на кулата Вилис, којашто се наоѓа во Чикаго, сојузната држава Илиноис, овозможува да се видат и делови од државите Индијана, Висконсин и Мичиген, нуди поглед во радиус од околу 80 километри.
Со поставената антена, кулата Вилис има висина од 527 метри и до 1997 година беше највисок облакодер на светот.
Кулата Вилис ја имаше титулата „највисока кула во САД“ сѐ до 2013 година, кога титулата ја презеде кулата на новиот Светски трговски центар со висина од 541 метар.