Diyar Güldoğan
20 Октомври 2019•Ажурирај: 20 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Гласачите во Швајцарија денес гласаат за новиот состав на Парламентот за наредните четири години, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 5,4 милиони граѓани со право на глас ќе го изберат Националниот совет, Долниот дом на Парламентот, кој брои 200 члена, и Државниот совет, Горниот дом, кој има 46 пратенички места.
Гласачите имаат можност да ги испраќаат гласовите по пошта, или да гласаат лично на избирачкото место.
Анкетите покажуваат дека Швајцарската народна партија (SVP), која моментално е најбројна партија во Парламентот, е фаворит на изборите.
Исто така, Зелените и Зелената либерална партија имаат шанси за освојување повеќе места на овие избори.