Atila Altuntaş
23 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
СТОКХОЛМ (AA) - Судот во шведскиот град Јонкопинг изрече казна од 400.000 евра поради објавување пиратска снимка на филм на интернет, јавува Anadolu Agency (AA).
Казната е одредена за четири лица кои по илегални патишта објавиле филм на интернет. Извори од судот наведуваат дека ова е тешка казна одредена наместо затворска казна која обично се изрекува за вакви кривични дела.
Адвокатот Хенрик Понтен изјави дека судот ги заостри мерките кога е во прашање нарушувањето на авторски права.
Ова не е прв случај во Шведска да се изрече голема парична казна поради објавување пиратска снимка на филм. И во 2013 година едно лице е казнето со 430.000 евра.