Ekipa
08 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Шведскиот Апелационен суд ја укина одлуката на понискиот суд и нареди да се протераат авганистанските тинејџери осудени за силување малолетник, јавува Anadolu Agency (AA).
Окружниот суд во Упсала, во декември минатата година одлучи тинејџерите да не бидат протерани бидејќи се помлади од 18 години, земајќи ја предвид безбедносната ситуација во Авганистан.
Малолетниците без придружба се осудени на 15 месеци затвор за силување авганистанско момче во шума во октомври минатата година. Наведено е дека тие му се заканувале со нож.
Апелациониот суд исто така им забрани да се вратат во Шведска во наредните осум години.