Ali Cura
08 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Петро Порошенко денес изјави дека во рамките на украинската војска работат 54.000 жени, а од тој број, повеќе од 20.000 се воени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод 8. Март, Меѓународниот ден на жените, Порошенко на една од социјалните мрежи напиша дека во Украина има повеќе од 20.000 жени војници. Според неговите зборови, во Вооружените сили на Украина работат 54.000 жени.
„Бројот на жените во украинската војска константно расте“, напиша украинскиот претседател. Тој потсети дека претходно во украинската војска немало жени снајперисти и разузнавачи, меѓутоа, по последните законски промени, повеќе од 100 жени работат и во овие служби.
Порошенко додаде и дека расте бројот на жените кои сакаат да се занимаваат со овие професии.