Atila Altuntaş
13 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Шведската полиција го фати осомничениот за кражба на кралската круна и другите вредни музејски артефакти на шведското кралско семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
Шведското Обвинителство соопшти дека е одреден притвор на 31-годишно лице кое е приведено вчера, а кое се сомничи дека учествувало во кражбата.
Портпаролот на Обвинителството, Робин Симонсон, потврди дека сѐ уште нема траги за украдената круна и за другите украдени работи.
„Веруваме дека по детално иситување на осомничениот ќе дојдеме до информации, ќе пронајдеме вредни работи на кралското семејство и ќе ги вратиме таму каде што припаѓаат“, порача Симонсон.
Кралската круна и другите вредни работи се украдени во почетокот на август оваа година од музејот на катедралата Странгас, оддалечена околу 120 километри од главниот град Стокхолм.
Крадците провалија во оградениот простор со стакло во кој се држеле артефактите од погребот на кралот Карло IX и неговата сопруга, кралицата Кристина од 17 век. Крадците потоа побегнале со чамец.