Atila Altuntaş
19 Јануари 2023•Ажурирај: 20 Јануари 2023
СТОКХОЛМ (АА) - Владата на Шведска објави дека на Украина ќе ѝ обезбеди помош во напредно оружје во вредност од 4,3 милијарди круни (419 милиони долари), јавува Агенција Анадолија (АА).
Најавувајќи ја помошта за Украина на прес-конференција во Стокхолм, главниот град на Шведска, премиерот Улф Кристерсон рече дека Русија верува дека западната демократија ќе загуби и додаде дека греши во врска со тоа.
„Поддршката од САД за Украина е многу важна. Единството на САД и ЕУ е, исто така, многу вредно. И Шведска ќе обезбеди помош во напредно оружје за Украина во вредност од 4,3 милијарди круни“, рече Кристерсон.
Весникот „Афтонбладет“ (Aftonbladet) објави дека шведската Влада во Украина ќе испрати голем број самоодни хаубици - артилериски системи од 155 мм од шведско производство, оклопни возила ЦВ90 и противтенковски роботи „Робот 57“.