Adam Abu-bashal
31 Август 2023•Ажурирај: 02 Септември 2023
АБУЏА (АА) - Шест лица загинаа при превртување на брод со патници во нигериската сојузна држава Нигер, пренесува Анадолу.
Според вестите објавени во националните медиуми, бродот со патници потонал во реката во нигериското село Замаре поради преоптовареност.
Според првичните информации, во инцидентот животот го загубиле 6 лица, а голем број се водат за исчезнати.
Иако сè уште не е познато колку луѓе имало на бродот, официјалните лица изјавија дека потрагата за пронаоѓање на исчезнатите патници продолжува.
Се стравува дека бројката на загинати ќе се зголеми.
Бродските несреќи се честа појава во реките за време на сезоната на дождови во Нигерија.