Cüneyt Karadağ
10 Март 2022•Ажурирај: 11 Март 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон остварија телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од кругови блиски до германската Влада, за време на разговорите Германија и Франција побарале Русија веднаш да прогласи прекин на огнот во Украина.
За време на средбата, Макрон и Шолц инсистирале дека секое решение за кризата во Украина треба да дојде преку преговори меѓу Украина и Русија.
Меѓу другото, се наведува дека тројцата лидери се договориле да останат во близок контакт еден со друг во наредните денови.