Dmitri Chirciu
18 Јули 2022•Ажурирај: 19 Јули 2022
МОСКВА (АА) - Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, ѝ наложи на руската Источна воена единица со високопрецизно оружје да го гаѓа оружјето со долг дострел на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се истакнува дека Шојгу извршил увид на Источната воена единица, вклучена во војната во Украина.
Нагласувајќи дека треба да се зајакнат офанзивните способности на оваа единица, Шојгу на командантот на единицата му наложил со високопрецизно оружје да ги гаѓа ракетните фрлачи со долг дострел и артилеријата на украинската Армија.
Шојгу минатата недела изврши увид и во Јужната и Централната руска воена единица вклучени во војната во Украина, и им наложи да ги зголемат своите воени акции во иднина.