Aida Cako
21 Јули 2025•Ажурирај: 22 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) – Шумскиот пожар што избувна во шумските и џбунестите предели на јужниот дел на Италија претставува сериозна закана за блиските мали населби, пренесуваат италијанските медиуми, јавува Анадолу.
Во обидите да се стави пожарот под контрола, ангажирани се противпожарни авиони и хеликоптери, но акцијата е отежната поради силниот ветер што дополнително го шири огнот во регионот Кампобасо.
Пожарот е дел од пошироката криза предизвикана од екстремниот топлотен бран што ја зафати Европа, кој предизвика пожари и итни состојби во повеќе земји, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, како и привремено затворање на патиштата и туристичките локации.