Ahmet Furkan Mercan
17 Декември 2021•Ажурирај: 19 Декември 2021
ТОКИО (АА) - Во пожар што избувна во клиника во јапонскиот град Осака животот го загубија 19 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот избувнал на четвртиот кат од една шесткатна зграда која се наоѓа во близина на железничката станица Осака, сместена во подрачјето Киташинчи.
Повик за пожар до единиците на префектурата Осака е упатен во 10:20 часот по локално време, по што 70 противпожарни и амбулантни возила се испратени до местото на несреќата.
Противпожарните екипи информираа дека пожарот кој во пепел претворил простор од 20 метри квадратни, бил изгаснат во 10:45 часот по локално време.
Во пожарот потешко се повредени 27 лица, од кои 17 мажи и 10 жени.
Притоа, сите повредени се хоспитализирани со дијагноза за ненадеен срцев удар.
Јапонскиот јавен радиодифузер НХК (NHK) објави дека досега животот го загубиле 19 лица.
Единиците на полицијата соопштија дека располагаат со разузнавачки информации дека пожарот настанал поради истекување течност од хартиената кеса на 60-годишно лице и дека е можно да се работи за подметнат пожар.
Клиниката обезбедува услуги за психосоматско и психијатриско лекување.