Zehra Ulucak
13 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, и потпретседателот на САД, Мајк Пенс, се согласија за зголемување на трговската соработка меѓу двете земји, и продолжување на санкциите против Северна Кореја, со цел денуклеаризација на оваа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Кјодо“, јапонскиот премиер Абе се сретна со американскиот потпретседател Пенс, кој се наоѓа во посета на Токио, со цел разговор околу Северна Кореја, но и за други теми.
Абе на прес-конференцијата, одржана по средбата, истакна дека со Пенс се согласиле дека треба целосно да се спроведуваат санкциите на Обединетите нации (ОН) за Северна Кореја да се откаже од нуклеарните и ракетните програми.
Абе укажа на моќта на односите меѓу Јапонија и САД, додека Пенс изрази надеж за носење одлука во билатералниот Договор за трговија на стоки и услуги кој ќе биде примерен договор за Индиско-Пацифичкиот Регион.
Пенс истакна дека САД ќе продолжат со дипломатските и економските притисоци врз Северна Кореја, и упати апел до индиско-пацифичките земји за продолжување со притисоци и санкции сѐ до целосна денуклеаризација на Северна Кореја.
Според американскиот потпретседател, алијансата меѓу САД и Јапонија претставува темел за мирот и благосостојбата во регионот. Тој рече дека Јапонија не е само сојузник, туку и една пријателска земја, но како што рече тој, „Јапонија треба да вложи повеќе напор за отстранување на трговскиот дебаланс меѓу двете земји“.
Абе и Пенс повторно ја потврдија соработката за реализирање на една слободна и отворена стратегија во Индиско-Пацифичкиот Регион.
Абе и Пенс се согласија за зголемување на соработката во областите како енергетика, инфраструктура, како и за обезбедување кредит за земјите во регионот.
Се очекува Абе и Пенс да учествуваат на 33. Самит на Асоцијацијата на држави на Југоисточна Азија (АСЕАН) во Сингапур, и на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Папуа Нова Гвинеја.