Emre Gürkan Abay
13 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот адвокат и политички активист Алексеј Навални е спречен во обидот да отпатува во странство, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од најгласните критичари на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, Навални, отпатува во Франција за да присуствува на парницата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Навални на Твитер соопшти дека полицијата на аеродромот во Москва го спречила во обидот да ја напушти Русија.
Истакнувајќи дека полицијата се повикала на одлуката на Обвинителството, Навални тврди дека не му е конкретно објаснето поради што му е забрането патувањето.
Тој на Европскиот суд за човекови прва претходно покрена постапка од која очекува да се утврди дали неговите чести апсења во Русија се политички мотивирани.
Како основач на Фондот за борба против корупцијата, Навални се смета за еден од најпопуларните опозиционери во Русија, а беше организатор и на голем број протести во оваа земја.