Emre Aytekin
09 Јули 2021•Ажурирај: 12 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Во Индија, една од земјите најпогодени од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), продолжува тенденцијата на намалување на бројката на заразени со вирусот што се наоѓаат под лекарски третман, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 43.393 нови случаи на коронавирусот, починале 911 лица, а оздравеле 44.459 пациенти.
Во моментов продолжува лекувањето на 458.727 заразени.
Додека бројката на оздравени го надмина бројот на новозаразени на дневна основа во последните 56 дена, може да се забележи дека делумно е намален товарот на епидемијата врз здравствениот систем.
Во Индија досега оздравеа 29.888.284 лица претходно позитивни на Ковид-19, при што стапката на оздравени лица изнесува 98,51 %.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран коронавирусот изнесува 30.752.950, а бројот на починати како резултат на коронавирусот се зголеми на 405.939.
- Администрирани над 368 милион вакцини -
Во Индија досега се дадени 368.991.222 дози вакцини, од започнувањето на кампањата за вакцинација на 16 јануари досега.
Вакцинацијата во Индија со население од околу 1,4 милијарди сè уште не го достигна посакуваното ниво за да може да се запре епидемијата.
Според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот на светско ниво, Индија е втора земја во светот според бројката на лица кај кои е детектиран коронавирусот, а трета според бројката на починати.