свет

Јужноафриканската Република за геноцидот: „Доказите покажуваат дека Израел го користи гладот ​​како оружје во Газа“

- „Доказите недвосмислено покажуваат дека геноцидните дејствија на Израел се со посебна намера да се изврши геноцид во Појасот Газа“, изјави министерот за надворешни работи Роналд Ламола за новинарите во главниот град Преторија.

Hassan Isilow  | 12.11.2024 - Обновена : 12.11.2024
Јужноафриканската Република за геноцидот: „Доказите покажуваат дека Израел го користи гладот ​​како оружје во Газа“

ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Јужноафриканската Република сооопшти дека доказите што ги обезбедила во тужбата за геноцид против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) покажуваат како Тел Авив го користи гладот ​​како оружје за војната, со цел да изврши депопулација во Газа преку масовни убиства и принудени евакуации или преселувања, јавува Анадолу.

„Доказите недвосмислено покажуваат дека геноцидните дејствија на Израел се со посебна намера да се изврши геноцид во Појасот Газа“, изјави министерот за надворешни работи Роналд Ламола за новинарите во главниот град Преторија.

Ламола истакна дека сите земји имаат одговорност да го спречат и казнат злосторството геноцид.

Деталното досие претставено од Јужноафриканската Република пред МСП на 28 октомври содржи докази кои покажуваат како Израел продолжува да ја прекршува Конвенцијата за геноцид од 1948 година, промовирајќи го уништувањето на Палестинците кои живеат во Газа со физичко убивање и лишување од пристап до хуманитарна помош.

„Тие предизвикуваат услови за живот насочени кон физичко уништување на Палестинците“, се наведува понатаму.

Јужноафриканската Република исто така, забележува дека Израел игнорира и пркоси на неколку привремени мерки наредени од МСП.

Ламола рече дека Јужноафриканската Република го осудува ширењето дезинформации во врска со случајот за геноцид што го започна против Израел, нагласувајќи дека таквите напори имаат за цел да го одвлечат вниманието на јавноста од тековниот геноцид што се одвива на очигледен поглед во Газа.

Тој рече дека Јужноафриканската Република по апартхејдот постојано се залага за неотуѓивите права на палестинскиот народ, вклучително и за Израел да стави крај на својата незаконска окупација со која се обидува да му го ускрати на палестинскиот народ правото на самоопределување.

„Нашиот принципиелен пристап е цврсто вкоренет во нашето сопствено искуство од колонијализмот и апартхејдот, меѓународното право и повелбите на ОН чија основна цел е да им служи на идните генерации во борбата против војната“, рече тој.

Ламола рече дека неговата земја постојано ја носи палестинската кауза на мултилатерални платформи, засилувајќи ја борбата на меѓународната сцена.

Јужноафриканската Република ја поднесе тужбата за геноцид против Израел во Трибуналот со седиште во Хаг кон крајот на 2023 година, обвинувајќи го Израел, кој ја бомбардира Газа од октомври минатата година, дека не ги исполнил своите обврски според Конвенцијата за геноцид од 1948 година.

Неколку земји, вклучително и Туркије, Никарагва, Палестина, Шпанија, Мексико, Либија и Колумбија, се приклучија на случајот, кој започна со јавни расправи во јануари.

Врховниот суд во мај му нареди на Израел да ја запре офанзивата во градот Рафа, јужна Газа.

Тоа беше третпат 15-члениот судски совет да издаде прелиминарни наредби со кои се обидува да го „заузда“ бројот на загинати и да го олесни хуманитарното страдање во блокираната енклава, каде што бројот на жртви надмина 44.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.